| четврток, 6 декември 2018 |

Леванте го совлада Хетафе, денеска четири меча од Премиера

1429972357_251740_1429991987_album_grande

Вредна победа забележа синоќа Леванте на гостувањето кај Хетафе во борбата за опстанок во Примера. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Виктор Каседес во 35.минута.

По оваа победа Леванте има пет бодови повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

Резултати на другите завршени дуели од 33.коло во Шпанското фудбалско првенство: Кордоба – Атлетик Билбао 0:1,
Еспањол – Барселона 0:2,
Атлетико Мадрид – Елче 3:0 и
Сосиедад – Виљареал 0:0.

Денеска на програмата се средбите:
Малага – Ла Коруња,
Алмерија – Еибар,
Севиља – Рајо Ваљекано и
Селта – Реал Мадрид.

Колото ќе биде заокружено утре со натпреварот Валенсија – Гранада.

Табела:

Барселона 81 бод,
Реал Мадрид 76,
Атлетико Мадрид 72,
Валенсија 65,
Севиља 63,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top