| четврток, 6 декември 2018 |

Ново ремек дело на Барди од слободен удар, Леванте убедливо го совлада Сосиедад (Видео)

Повратникот во ЛА Лига, Леванте во чии редови блеска македонскиот репрезентативец Енис Барди е најпријатното изнеадување во шпанскиот фудбал на почетокот на новата сезона.

 Левате синоќа во последниот натпревар од петтото коло го победи Реал Сосиедад со 3-0, а Барди со гол од слободен удар ја запечати втората сезонска победа на својот тим. Македонскиот репрезентивец во 89.минута го постигна својот трет гол во Ла Лига во само четири натпревари.

Мечот го одбележа уште еден фантастичен гол во 42. минута со кој Чема го отвори резултатот, а сигурно ќе влезе во потесниот круг за избор на најубав гол на сезоната во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top