| четврток, 6 декември 2018 |

Само еден гол го дели Барди за да стане најдобриот македонски голгетер во Примера

Македонскиот репрезентативец Енис Барди има одличен почеток на сезоната во шпанската најсилна лига – Примера.

По десет одиграни кола тој постигна 4 погодоци во својот деветти настап. Му фали уште само еден за да стане и првиот Македонец со најмногу постигнати погодоци во историјата на Примера. Засега се изедначи со рекордот на Благоја Китановски, кој на крајот на 80-тите години постигна четири гола за тимот на Сабадел.

Уште поинтересна е статистиката според која Барди има повеќе голови од ѕвезденето трио на Реал Мадрид досега во шпанскиот шампионат. Роналдо и Бензема постигнаа по еден гол, додека Бејл има дадено два, или сите тројца, колку Барди сам. Зад него е и Луис Суарез од Барселона со три, а подобар е и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоние Гризман, кој до сега стрелаше два пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top