| четврток, 6 декември 2018 |

Како да оставите добар впечаток на работното место?

Еве неколку стручни совети кои ќе ви помогнат да ги импресионирате луѓето веќе на првиот состанок.

Први воспоставете контакт со очите и смејте се

Можеби сте пристојни па секогаш возвраќате со насмевка на лицето кое ви се насмевнало. Спеак, многу повеќе луѓе ќе запознаете доколку вие преземете иницијатива. Насмевнете и се први на личноста која ви изгледа симпатична и пристапна.

Вашето претставување нека биде впечатливо

Само-претставувањето е добра идеја. Тоа е краток говор од седум до девет секунди во кој го кажувате вашето име, наместо своите титули, и една причина поради која сакате да го работите она што го работите.

Знаете ги новостите

Пред да одите на некое деловно дружење – добро подгответе се. Имајте подготвени теми за разговор и интеракција. Моменталните друштвени ситуации секогаш се добра тема за разговор.

Преправајте се дека личноста со која разговарате е единствена во просторијата

Ништо не покажува помалку почитување и ништо повеќе не ги одбива луѓето како што тоа го прави разговорот со една личност и истовременото разгледување со очите наоколу. Не правете го тоа, гледајте директно во личноста со која комуницирате.

Раскажете нешто за себе

Постојат луѓе кои ќе ве советуваат на лицата околу вас да им поставувате прашања, но ние не мислиме дека тоа е добро, бидејќи можете да испаднете досадни и нападни, па затоа раскажете нешто за вас. Прашајте ги нешто, но и раскажете нешто за вас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top