Првите десет минути од вашиот работен ден се клучни за вашата продуктивност во следните осум часа. Ако дојдете подоцна во канцеларијата или се заглавите во преполното сандаче со електронска пошта, може лесно да бидете исфрлени од колосек и тешко ќе се фокусирате на работата во остатокот од денот.
Направивме некои истражувања и откривме 10 вообичаени стапици што можат да ве снајдат во првите 10 минути од работниот ден. Прочитајте за да дознаете како да ги избегнете овие замки и да се насочите кон успех.
1. Доцно станување
Ова може да го саботира работниот ден уште пред и да почне.
Една скорашна студија, која ја цитира „Хафингтон пост“, открива дека шефовите ги сметаат работниците кои доцнат на работа како помалку совесни и им даваат пониски оценки за работата… дури и ако тие работници подоцна си одат од работа.
Не е фер, но таква е сегашната реалност. Затоа обидете се да дојдете на работа што е можно порано.
2. Не ги поздравувате колегите
Може да си поставите убава позиција за себе и другите околу вас ако одвоите неколку минути да помуабетите со колегите.
– Ако сте раководител и не им кажете „здраво“ на луѓето од вашиот тим, вашиот наизглед недостиг на човечки доблести би ја намалил вашата техничка компетентност, вели Лин Тејлор, национален експерт за работни места и автор на „Напушти ја ужасната канцеларија, тирану: Како да го менаџирате детското однесување на шефот и да опстоите на вашата работа“.
Дури и ако не сте менаџер, создавањето на тивка ограда преку вашата работна маса може да изгледа понедостапно за колегите.
3. Пиење кафе
Ако не сте тип што пие кафе веднаш штом се разбуди, тогаш, најверојатно, се фаќате за финџалот веднаш штом влезете на работното место.
Но, истражувачите велат дека најдоброто време за кафе е по 9.30 часот. Затоа што кортизолот, хормонот за стрес, кој ја регулира енергијата, воглавно е во врвот меѓу 8 и 9 часот. Кога пиете кафе во тоа време, телото почнува да создава помалку кортизол и повеќе станува зависно од кофеинот.
Кога нивото на кортизол почнува да опаѓа по 9.30 часот, може навистина да ви треба тоа кофеинско гориво.
4. Одговарање на секоја електронска порака во сандачето
Кога ќе седнете на столчето, предизвик е да нурнете директно во купот пораки кои пристигнале во текот на ноѓта.
Но, според Мајкл Кер, меѓународен предавач за бизнис и автор на „Не се зафркавај! Внесување на хумор во работата“, првите 10 мунити од работниот ден треба да се потрошат на брз преглед и ставање приоритет на мејловите. На тој начин ќе проверите дали е некој итен и да направите план за одговоро за останатите.
– Пороверката на електронската пошта може да биде од оние задачи кои ќе ве окуражат да ги извршувате обврските. Ако не им дадете приритет на итните, дозволувате други да ви ја креираат агендата, вели Кер за „Бизнис инсајдер“.
5. Влетувате на работа без детален план
Пред да се внесете во работата, Тејлор предлага да си создадете идеја каде ќе ве одведе денот. Тоа вклучува да си ги запишете приоритетите и што мора да направите тој ден и да го прегледате календарот со обврски.
Проверете кои настани можеби сте ги планирала дали треба да се подготвите за некои телефонски јавувања или конференции. Инаку ќе се најдете непоготвени кога ќе заѕвони потсетникот дека за 10 минути имате состанок со тимот соработници и ќе ве фати токму насред пишување на предлог за проект.
6. Прво извршете ги лесните задачи
Во едно истражување се наведува дека вашата енергија и волја ќе потклекнат како што одминува денот. Затоа е круцијално да ги тргнете важните обврски од патот што е можно побрзо.
Некои луѓе ја нарекуваат таа стратегија „лапање жаба“, врз основа на цитат од Марк Твен: „Лапнете жива жаба прво наутро и ништо полошо нема да ви се случи во остатокот од денот“.
7. Работа повеќе задачи одеднаш (мултитаскинг)
Бидејќи имате толку многу енергија наутро, ви се чини дека можете да извршите милион различни задачи одеднаш.
Но, научниците упатуваат дека вршењето повеќе работи одеднаш може да им наштети на вашата продуктивност на главната закача и дека е подбро задачите да се вршат една по една. Ако го започнете работниот ден жонглирајќи со повеќе приоритети, тоа може да ве закочи во остатокот од денот.
Наместо тоа, поставете позитивна атмосфера со фокусирање на една задача во првите десет минути.
8. Заостанување заради негативни мисли
Можеби некој нервозен човек речиси ве истуркал од автобусот. Или сте имале караница претходната вечер со вашиот партнер.
Не дозволувајте овие доживувања да го одвлечат вашето внимание од задачите кои денес треба да ги извршите.
Тејлор предлага свесно да ги тргнете овие негативни мисли и да ги ставите „во одделна фиока“ уште на почетокот од работната недела“. Ако треба, подоцна можете да се вратите на нив.
9. Состанок
Утринските состаноци може да ги истрошат вашите когнитивни ресурси.
Според Лора Вандеркам, автор на „Што прават најуспешните луѓе пред појадок“, рано наутро можете да се посветите на задачи за кои е потребно внимателно фокусирање, како што е пишувањето.
Ако имате што да кажете на состаноците со шефот или колегите, гледајте тие да бидат закажани во време кога се троши помалку енергија, како на пример рано попладне – освен ако не сте свесни дека за тоа ќе ви треба еден тон ментална енергија.
10. Не следете ја рутината
Научниците велат дека вашите когнитивни ресурси се ограничени, па затоа користете ги умно.
Ако трошите време на почетокот на работниот ден во одлучување дали да го исчистите сандачето со електронска пошта, да грабнете филџан кафе или да се фрлите на тој фамозен предлог-проект, ќе ви остане помалку ментална енергија за да седнете и работите на тој проект подоцна.
Држењето за рутината ви овозможува мозокот барем на кусо да биде ставен во автоматски, и така речиси воопшто не трошите од менталната енергија.
Како што рече за „Чикаго трибјун“ Чарлс Дахиг, авторот на „Моќта на навиката“: „Рутината во основа ни дава ментална слобода да мислиме за тоа што е всушност важно. На тој начин не треба да мислиме на сите банални аспекти во животот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.