| четврток, 6 декември 2018 |

Навики поради кои може да ја изгубите работата

Обично лошите навики кои што вам не ви изгледаат толку „страшно“ може да ви ја загрозат кариерата.

Ви издвојуваме три најчести лоши навики кои се најчеста причина за губење на работното место

kolegi na rabota

Озборување

Секој барем еднаш доживеал да е тема на озборување на работното место. И секој е свесен на тоа, колку и тоа да е непријатно. Затоа озборувањето оставете го за кафето со пријателите кои работат со вас, а кон колегите однесувајте се достоинствено, за да ве почитуваат.

Доцнење

Секогаш постојат ситуации кои се надвор од наша контрола и поради кои доцниме на работа. Во ред, но доколку овие ситуации се повторуваат од ден во ден, тогаш до вас е проблемот. Доколку сакате шефот и колегите да ве почитуваат и да ве сметаат за сериозен работни, не доцнете повеќе.

Став

Сите имаат иритантни колеги на работа. Или сакаат да бидат озборувани или неозбилно пристапуваат на работата или што и да е причината едноставно ве иритираат. Не смеете да имате арогантен став кон тие луѓе, бидете љубезни, симпатични и поштени. Замерувањето на колегите не може на никој начин да ви помогне, односно може само да одмогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top