| четврток, 6 декември 2018 |

За ова работно место се пријавиле речиси 10.000 луѓе

Речиси десет илјади невработени лица се пријавиле на огласот за едно работно место во Демократска лига на Кина, објавија од партија.

Во описот на работното место било дека задачата е пречекување странки во партијата и организирање официјални активности и конференции.

Од 9.837 пријавени кандидати, 5 ќе бидат повикани на разговор.

Партијата е основана во 1941 година и е една од осумте помали партии кои можат да учествуваат во донесување одлуки, под услов ако ја поддржуваат владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top