| четврток, 6 декември 2018 |

Хамбургер го фати возот за опстанок во Бундеслигата

Екипата на Хамбургер го фати возот за опстанок во Бунделисгата, лига од која никогаш нема испаднато. Со победа од 3-2 против Аугсбург, избраниците на Бруно Лабадија ја прекинаа серијата од 5 порази и со 28 бода се една позиција над зоната за испаѓање од најсилната германска лига.

Во битката за место во квалификациите за Лигата на шампионите кикс направи Баер Леверкузен со реми, 1-1, против Келн. Фармацевтите промашија пенал во првото полувреме, потоа поведоа со 1-0, но не успеаја да победат. Популарните „јарци“ од Келн израмнија во 83. минута и освоија еден бод.

Во дербито на дното Штутгарт и Фрајбург ремизираа во неизвесен меч, во кој на двете страни имаше по два гола. Борусија Дортмунд го победи Ајнтрахт од Франкфурт со 2-0, а единствената екипа што денеска славеше на гости е Хофенхајм, по триумфот од 2-1 против Хановер.

hamburg

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top