| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Фронтот во Република Македонија“.

Во рамки на прославата на 100-годишнината од Првата светска војна (1915 – 1918), во галерија Остен во соработка со Францускиот Институт, денеска ќе биде отворена изложбата „Фронтот во Република Македонија“.

Изложбата се состои од 12 документарни паноа кои преку фотографија и текст (на француски и на македонски јазик) ги документираат случувањата во Република Македонија за време на Првата светска војна.
Изложбата ќе ја отвори Лоран Бове, претседател на регионот Долна Нормандија, а присутна ќе биде и француската амбасадорка Лоранс Оер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top