| четврток, 6 декември 2018 |

Силно снежно невреме ја блокираше Црна Гора

Снежно невреме кое ја зафати Црна Гора парализираше многу патишта, а голем број планински места останаа без електрична енергија.

Според тамошните медиуми, од снегот се паднати голем број електрични столбови, а попуштиле и неколку столбови од далекуводната мрежа. Од црногорската електроенергетска компанија информираат дека дел од електричните столбови се и без кабли затоа што биле украдени од крадци на старо железо.

 Метеоролозите за денеска најавуваат нов, посилен снег во северниот и во централниот дел на земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top