Навивачите на полуфиналистите во Лигата на шампионите ја погодија ждрепката на полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, а на мегдан ќе излезат Барселона и Баерн и Јувентус со Реал Мадрид.
Влогото во полуфиналето е огромен и победниците од двата двомечи ќе играат за највредната клупска круна во Европа, за трофејот во ЛШ на 6 јуни во Берлин.
Интересно е што четирите состави што останаа во битка за титулата заедно имаат вкупно 21 титула од КЕШ, или ЛШ.
Домаќини на првите натпревари се Барселона и Јувентус, а ќе се игра на 5 и 6 мај, со реванши на 12 и 13 мај. Титулата ја брани Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.