| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот караван на ДПМ денеска во Тетово

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска (24 април) во 12 часот гостува на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Пред љубителите на литературата ќе настапат 20 истакнати поети, членови на ДПМ: Олга Арбулјевска, Ресул Шабани, Санде Стојчевски, Славица Дабевска Кировска, Јусуф Едип, Братислав Ташковски, Кочо Топузоски, Христо Петрески, Делвина Керлуку, Стојан Тарапуза, Весна Ацевска, Раде Силјан, Сеида Бегановиќ, Веле Смилевски, Елена Пренџова, Миле Јовановски Поречанец, Адем Абдулау, Оливера Доцевска, Паскал Гилевски и Александар Поповски.

Циклусот од 17 поетски каравани за годинава, Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Во оваа манифестација ќе земат учество 80 поети од сите генерации. До сега караванот гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top