| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Треба да се спречи Грција да остане без пари

merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се направи сѐ што е можно за да се спречи Грција да остане без финансиски средства, пред земјата да постигне договор со меѓународните кредитори.

Таа ја даде својата изјава по синоќешната „конструктивна“ средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Двајцата соговорници се договориле да не откриваат детали од разговорите.

На прашањето колку е голем ризикот Грција да остане без пари, пред да биде постигнат договор меѓу Атина и кредиторите, Меркел одговори дека треба да се направи сѐ што е потребно за тоа да не се случи.

Европските министри за финансии денеска во Рига ќе одржат средба, на која ќе се дискутира за преговорите со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top