Актерката Џенифер Анистон го извлече подебелиот крај на снимањето на својот последен филм, откако случајно доби удар во лицето.
Џенифер која во филмот игра киднапирана жена на милионенер добила нокаут откако во сцената каде што има тепачка меѓу киднаперите, случајно излетала пред тупаницата на еден од актерите.
-Ненадејниот удар ја погоди Џенифер во вилицата и таа силно се ничкоса на земја. Потресена, но свесна, беше однесена во нејзината соблекувална каде што и кажаа дека нема да има снимање тој ден. Но, по еден час пауза Џенифер храбро инсистираше да се врати на сетот, открива еден од присутните на настанот.
Актерите и се извиниле поради ударот, но Анистон им рекла дека во суштина целиот инцидент бил нејзина вина бидејќи не внимавала и се нашла на средината од нивните удари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.