Спасувачките екипи пронајдоа тела на 21 рудар загинати во поплавениот рудник во северна Кина, соопштија денеска кинеските власти.
Телата се пронајдени по четиридневна потрага. Повеќе од 600 спасувачи ја испумпуваа водата од поплавениот рудник „Јангјаван“ во близина на градот Датонг, во северна Кина.
Окното на рудникот е поплавено во неделата навечер кога во него се наоѓале 247 рудари, од кои 223 успеале да се спасат. Уште тројца рудари се спасени и во моментов закрепнуваат во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


