Со внимавање на исхраната и физичка активност секогаш се постигнуваат добри резултати. Но, важно е резулатите да потраат и до лето и времето за на плажа.
Потребно е да се внимава на искушенијата, советува фитнес-тренерот Ана Рендерер, бидејќи дружењето и топлото време се ризични за вашата линија.
За да се избегне јојо-ефектот, следете ги овие совети.
Бидете внимателни со коктелите
– Проверете ги состојките на коктелот и гледајте тој да биде безалкохолен. Ако веќе сакате со алкохол, одберете останати состојки со најмалку калории, идеални се оние што се базирани на лубеница.
– Меѓу коктелите пијте вода
– Во секој случај, коктелите се калорични бомби. Придржувајте се до освежувачки состојки како лимета, лимон, нане или бобинки.
Останете во форма
Уживајте на отворено и во природата. Движете се и не занемарувајте ја физичката активност:
– Пливајте и возете велосипед бидејќи тоа е одлична алтернатива за трчањето.
– Планинарете
Вежбајте дома
Пред ноќното излегување или, пак, наутро пред одењето на плажа, направете неколку вежби дома. Малку истегнување, стомачни вежби и клекнувања, ќе ви дојдат одлично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.