| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Одбивањето на мојата посета ќе има последици

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи оцени дека одлуката на Србија да не ја одобри неговата посета на Белград е спротивна на дијалогот и подобрувањето на односите меѓу Приштина и Белград. ­

hasim-taci6-620x330

 

– Тоа секако ќе има свои последици – изјави Тачи за виенскиот весник „Пресе“, не сакајќи при тоа да каже какви можат да бидат тие последици.

Тој, сепак, изјави дека нема да има директни контрамерки кон српските политичари. ­

– Однесувањето на Србија кон мене ќе послужи како пример за тоа како не треба да се однесуваме кон нашите соседи – рече Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top