Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток (23-ти април) во 20 часот ќе биде отворена изложба на карикатури на тема „Снаа – свекрва“.
Изложбата на карикатури на тема „Снаа – свекрва“, како дел од меѓународниот конкурс „Невестинско поклонение“, деновиве ќе се најде и пред кумановската публика. На постановката што ќе биде отворена во Изложбениот салон на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе бидат претставени пеесет најуспешни трудови од понудата од минатата година.
Меѓународниот конкурс за карикатура е придружна манифестација на Културната манифестација „Невестинско поклонение на Св. Теодор Тирон“ што традиционално се одржува во чест на празникот Тодорова сабота/недела во кривопаланечкото село Конопница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.