| четврток, 6 декември 2018 |

Повиците на Заев и на СДСМ за насилства и за дестабилизација почнаа да се реализираат

Сценариото за предизвикување сериозни тензии и конфликт во општеството, нарушување на меѓуетничките односи и дестабилизација на Македонија, за кое предупредуваа експертите, политичките аналитичари, дел од медиумите и Владата, по повиците на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев за насилства од денеска почна да се реализира.

Zaev bomba 3 5 (Custom)

 Уште пред извесен период беше јасно дека опозицијата и Заев, соочени со неуспех и немање поддршка, смислено подготвуваат насилно сценарио, но и прават психичка подлога за дестабилизација како денешната. Тонејќи самиот во очај се обидува да ја повлече целата земја. Неколку пати зборуваше за создавање конфликт меѓу граѓаните и поттикнување тензии. Заканите за крв и насилство по улиците стануват главни изјави и на раководните лица во СДСМ, но и на опозициските медиумски пера.

Заев најави дека е многу можно да падне крв, како и дека имал притисоци тоа да се случи. 

-Не може Заев, кој се бори за слобода и демократија, да сака да падне крв, па макар и од прстот, но гледам дека тоа може да се случи заради тоа што гневот расте. Притисокот кон опозицијата да го предводи тоа е огромен – рече Заев.

Државните институции утринава во 2.30 часот биле цел на терористички напад кога поголема група од 40 луѓе влегле во караулата „Гошинце“ на северната граница. Тие биле добро вооружени, говореле албански јазик и носеле ознаки на УЧК. Маскираните и добро вооружени лица заробиле четворица дежурни полицајци кои ги разоружале, врзале, тепале и снимле со камера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top