Секој ден во Индија умираат по две илјади женски деца. Или се абортирани или убивани веднаш по раѓањето, соопшти министерката за развој на жените и децата Манека Санџаи Ганди.
– Секој ден речиси две илјади женски деца се убиваат во утробата на мајката. Некои се раѓаат, но веднаш потоа се задушувани – изјави Манека Ганди.
Британското медицинско списание „Лансет“ во 2011 година објави резултати од истрага според која околу 12 милиони индиски женски деца биле абортирани во изминатите 30 години. Тоа предизвикало сооднос од 918 женски деца на 1.000 машки деца во таа година. Во 1981 година, на 1.000 машки деца имало 962 женски деца.
Ганди додаде дека владината програма „Спаси ја ќерката, образувај ја ќерката“, веќе дава резултати откако почна во јануари. Со програмата се бара подобро применување на законот за криминализација при избор на пол на детето пред раѓањето и подобрување на достапот на женските деца до образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.