Во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, на 24-ти април во 12 часот во Тетово ќе настапат дваесетмина истакнати автори, членови на македонаската писателска асоцијација. На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика и претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија во годинашниот циклус до сега гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица, Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар и Крушево.
Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Циклусот од 17 поетски каравани за 2015 година, Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата.
Во оваа манифестација ќе земат учество 80 поети од сите генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија