Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на вчерашната трибина на владејачката партија која се одржа во Спомен-домот во Делчево, предупреди дека граѓаните се соочени со деструктивните сили од СДСМ, кои сакаат со лаги, клевети, сечени, лепени и монтирани материјали од незаконско прислушкување, да сеат раздор и омраза, да ги спречат реформските процеси, економскиот подем, странските инвестиции и новите вработувања.
– Се обидуваат да ја преиначат волјата на граѓаните, да дојдат на власт без изборен резултат – рече Димовски и додаде дека разликата меѓу нивниот начин и стил на владеење од оној на владата на чело со Никола Груевски е во тоа што тие даваат нереални ветувања, не држат до дадениот збор, кога се на власт забораваат на граѓаните, на земјоделците, на студентите и учениците.
Според Димовски, лидерот на опозицијата Зоран Заев, ни малку не се разликува од неговите претходници, дури и ги надминал со заканите, клеветите.
– За да им се оддолжи за услугите, тој најавува подготвеност за насилство и крвопролевање. Ние нема да дозволиме нарушување на спокојството и мирот во Република Македонија заради остварување на неговите болни политички амбиции – порача Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.