Швајцарската пошта, во соработка со својата карго служба и еден калифорниски производител на дронови планира на лето да почне тестирање на испорака на пратки со помош на мали беспилотни летала.
Цел на проектот е согледување на потенцијалот на оваа технологија на териротијата на Швајцарија, објасни портпаролот на Швајцарската банка, Бернар Бурки.
Засега не се знае дали воведувањето на дроновите ќе значи и редовно испраќање на пратките преку беспилотните летала.
ДХЛ, огранок на германската пошта, минатата година прв во Европа почна со користење на дроновите за достава на пошта, главно медицински материјал на островот Јуист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.