| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободени петмина заложници во поштата во Харков

Ослободени се петмина, три жени и две деца, од 11-те заложници во поштата во украинскиот град Харков.

Руската агенција „Интерфакс“ претходно ја пренесе изјавата на шефот на регионалната полиција на Харков, Олег Бех, кој информира дека еден маж во поштата држи како заложници деветмина возрасни и две деца.

Портпаролот на полицијата Јарослав Тракало за локалната телевизија 112 изјави дека киднаперот најверојатно има експлозив околу себе.

– Неговите барања не ни се познати – рече Тракало.

Украинските медиуми јавија дека полицијата го блокирала тој дел од градот и дека таму има 20 полициски возила, пожарникари и Брза помош, како и единици за демонтирање експлозив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top