Државниот обвинител на Македонија, Марко Зврлевски, денеска во Скопје со својот бугарски колега Сотир Цацаров потпиша Спогодба за соработка, со цел да се зајакнат контактите во сите области од дејноста на Обвинителството. Спогодбата, како што се вели во соопштението од македонското Јавно обвинителство, е во согласност со легислативата на двете држави и преземените меѓународни обврски.
„Соработката се однесува на борбата против организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот организиран криминал, трговијата со луѓе, нелегалната трговија со оружје, наркотични средства и психотропни супстанции, кривични дела во сферата на високата технологија, економски и стопански криминал и други видови криминал кои се сериозна закана за општеството, како и соработка за прашања поврзани со екстрадиција, трансфер на осудени лица и правна помош за кривични предмети“, велат од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.