Љубителите на ракометната игра ќе имаат можност за релативно ниски цени од 200 и 300 денари да ја гледаат репрезентацијата на светскиот првак Франција на спектаклот со Македонија на 29 април во салата „Борис Трајковски“.
Во Скопје ќе гостуваат ѕвезди од калибарот на Тјери Омејер, Никола Карабатиќ, Даниел Нарсис, Лук Абало, Михаел Гигу и други екстраквалитетни ракометари кај триколорите.
И Македонија си има свои адути, а еден од клучните може да биде поддршката од публиката во салата „Борис Трајковски“. Мечот ќе се игра од 20.15 часот. Само 4 дена подоцна Французите ќе ни бидат домаќини во Тулуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.