Вечерва, 20. април, во Галеријата на МКЦ со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на романот „Од магла на југ до месечина на север“ од Виктор Петрески во издание на „Култура“.
Делото ќе го претстави драматургот Сашо Димоски, извадоци од романот ќе интерпретираат актери од Театар „Чекори“.
Романот е инспириран од историските настани на 20-иот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали. Романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде што ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства, кои ќе го занемат читателот.
Виктор Петрески е дипломиран електроинжинер, роден е 1991 година во Скопје, по професија е брокер. Вистинската животна страст од мали нозе му е уметноста. Дел е од актерската екипа на Театар „Чекори“ од Скопје.
За романот „Од магла на југ до месечина на север“ ја доби втората награда на конкурсот „Романијада“ на издавачката куќа „Култура“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.