| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Заев е вознемирен од сериозноста на кривичните дела

­

јанкуловска

Со сите колеги и во извршната и во законодавната власт имаме коректни и професионални односи, одговори денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање во врска со последните објавени од страна на СДСМ прислушувани разговори.

Во недостиг на идеи и конкретни предлози, нагласи Јанкулоска, Зоран Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните, подвлече, одлучија да објавуваат креирани, монтирани материјали набавени на незаконски начин. ­ Со секое нивно наредно појавување во јавноста евидентен е стравот односно вознемиреноста кај Заев затоа што најверојатно станува свесен за сериозноста на кривичните дела кои му се ставаат на товар, изјави министерката Јанкулоска по потпишувањето на новиот колективен договор со македонскиот полициски синдикат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top