| четврток, 6 декември 2018 |

Фелаини ги побрка сметките на Челси пред дербито со Јунајтед

Жозе Мурињо познато е дека е тренер кој темелно се подготвува за секој натпревар на својата екипа. Тој беше збунет кога пред саботното дерби против Манчестер Јунајтед кога во хотелот на Челси се појави Фелаини.
Мансур Фелаини братот на познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед ги посети фудбалерите на Челси и својот голем пријател Еден Азар на денот на одигрување на мечот.
Мурињо беше збунет и изваден од ритам бидејќи целата тактика на Челси се градеше врз играта на Фелаини и покривање на секој дел од теренот на високиот Белгиец.

– Рецепционерот на хотелот во холот ме сретна и ми кажа дека Фелаини денеска нема да игра за црвените ѓаволи. Го прашав на што мисли, а тој ми одговори дека Фелаини бил во хотелот утринава. Јас сум Фелаини и дојдов да земам карти од мојот другар Азар – го цитираше рецепционерот посетителот во хотелот – изјави Мурињо.

– Нешто не ми изгледаше како што треба па отидов на интеренет да го побарам братот на Фелаини. Тие двајца се исти. Ја однесов сликата од браќата Фелаини и го прашав кој од нив двајца дошол во хотелот. Па оди по ѓаволите, тоа бил брат му – откри интересен детал на англиските медиуми, Жозе Мурињо.

Маруане Фелаини има двајца браќа, Мансур и Хамзи. Тој што го посетил Азар е Мансур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top