| четврток, 6 декември 2018 |

Има разлика и тоа рекордна, Ѓоковиќ во огромен плус од 5.460 поени

Новак Ѓоковиќ се запиша во историјата на рангирањето на професионалните тенисери и има најголема разлика во однос на конкурентите, откако се бодуваат турнирите.

По триумфот на мастерсот во Монте Карло, Новак има 13.845 поени на врвот на АТП листата и е со предност од цели 5.460 поени во однос на второрангираниот Роџер Федерер. Тоа е најголема позитива на еден тенисер во историјата на играта.

Треторангиран остана Енди Мареј, а Рафаел Надал напредуваше за една позиција и е на четвртото место. Кеи Нишикори падна од четвртата позиција и е петторангиран, а во топ-10 се и Раониќ, Бердих, Ферер, Чилиќ и Вавринка.

monte karlo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top