| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските фудбалери загубија од Белгија со 0-2

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 0-2 (0-1) од соодветната селекција на Белгија во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство следанта година во Бразил, кој се одигра вечерва на Националната Арена „Филип Втори“.

Cedomir-Janevski-press-1

Две грешки на левиот бек Александар Лазевски го решија натпреварот. Прво во 26.  минута Кевин Де Бруин  ја погоди мрежата од првата и единствена шанса во првиот дел за Белгија, по грешката на Лазевски, а потоа направи пенал по кој Еден Азар по еден час погоди од пенал.

Македонија и Белгија ќе се сретнат веќе во вторник, но овој пат на теренот на противникот во Брисел, меч во кој популарните „црвени ѓаволи“ ќе влезат како огромен фаворит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top