Валентино Роси е победник на третата трка од овогодинешниот шампионат во МотоГП возена за ГН на Аргентина. Тој победи на сензационален начин во самиот финиш откако успеа да го помине лидерот Марк Маркез.
Роси иако стартуваше од осмото место по лошите квалификации агресивно ја започна трката и од круг во круг ги поминуваше неговите конкуренти со што започна потерата по лидерот Маркез кој е актуелен шампион од минатата година.
Маркез пред да биде минат од Роси во последниот круг се обиде да го блокира „Докторот“ но дојде до мал судир на моторите што резултираше со излетување од патеката.
Зад Роси трката ја заврши неговиот сонародник Андреа Довициозо на Дукати, додека третопласиран беше Кал Крачлоу на Хонда.
Интересна беше прославата на Роси на победничкиот подиум, бидејќи Италијанецот е голем фан на Марадона и во негова чест беше облечен во фудбалскиот дрес на Аргентина со бројот 10 и имато на Марадона.
Во генералниот пламан во три трки води Валентино Роси со 66 бода, шест повеќе од Андреа Довициозо. На третото место е Андреа Јаноне од Дукати со 40 бода, четврти е тимскиот колега на Роси од Јамаха Хорхе Лоренцо со 37, додека актуелниот шампион Марк Маркез падна на петтото место со само 36 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Икарди нема да биде во тимот на Аргентина на Светсткото во Русија