| четврток, 6 декември 2018 |

Температури под нулата и снег во Хрватска

Во северниот дел од планинскиот синџир Велебит во југозападниот хрватски регион Лика, во саботата навечер температурата се спуштила на минус 5 Целзиусови степени, а наврнале и 8 сантиметри снег, а навевите на места биле високи и до 60 сантиметри.

Како што пренесува агенцијата Hina повикувајќи се на хрватската метеоролошка служба, наглото заладување во Лика донело снег во текот на изминатиот ден и во подвелебитските места околу градот Госпиќ.

Во областа Подгорје, пак, од саботата ноќта дува бура, којашто предизвикува застои во одвивањето на сообраќајот по Јадранската магистрала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top