-Сите членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ со нетрпение го чекаат одговорот на маршот на кодошите, они кои пред две недели скаа но не успеаа да направат циркуска претстава во нашиот град. Како никогаш до сега добија едно големо НЕ, еден голем бојкот кон оние неуспешни политичари и манипуланти кои упорно се трудат да го закрват македонскиот народ одработувајќи за туѓи интереси- порача на народниот собир во прилеп пратеникот Димитар Стевананџија.
-10 години исти политики и методи, празни зборови, без конкретен проект, позитивна идеја, нов политичар. 9 порази во 10 години за тие што го оставија прилеп на колена сардисан, напуштен во сивило без трошка надеж. Прилеп с 30 илјади невработени, огромни загубари, тутунари без надеж, млади без перспектива, изневерени пензионери. Затоа губат со 20 илјади разлика на избори во Прилеп, а на митинг им одат по 500 луѓе. Затоа вратите на нашите сограѓани се затворени за нив- оцени Стевананџија.
-Оваа полна сала со изблик на патриотизам е прилепскиот одговор на таа погубна и кукавичка политика. Можеби полиотичката битка е нерамноправна, тие надвор 500 ние тука 5000, но тоа е најреалната анкета, вистинското мерило, најдобар одговор, но и порака. Не барајте во Прилеп предавници, продадени души, не се обидувајте да не разедините. Овде има само чесни луѓе. Вредни и верни на својата традиција. Кои сакаат да живеат во просперитетна Македонија. Во економски силна држава.
-Прилепчани не се плашеле од бомби кога било најтешко, кога први биле на браникот на татковината и во минатото и во 2001. Прилепчани не се плашат и денес, бидејќи имаме наша борба за Македонија. Нашите дела се наша борба за Македонија. Еве како се бориме за Прилеп, како ВМРО ДПМНЕ се бори за Прилеп,какви се нашите бомби кои даваат волја за живот.
-88 милиони евра за експресниот прат Прилеп- Градско
-4 милиони евра за ТИРЗ Прилеп со најавени 3 нови странски инвеститори
-20 милиони евра за пречистителна станица во Прилеп
-60 денари субвенција за килограм предаден тутун
-изграден пат до манастирот Трескавец и до манастирот Зрзе
-нов лик на Здравствениот дом и на Центарот за јавно здравје
-реновирана сала на Домот на културата
-76 нови социјални станови
-1 милион евра за градскиот стадион
Вака се бориме за Прилеп. Дај боже барем една ваква бомба да не погодеше во минатото во Тутунскиот комбинат во Еурокомпозит во Билјана во Центропромет во Солидност… Сите ќе бевме среќни. Но тогаш нивните бомби беа празни, капиталот си го зачуваа за себе. Уште неколку последици од нашите дела: Континуорано зголемување плати, пензии, социјални надоместоци, загарантирана минимална плата, високо образование без партиципации, нови училишта и спортски игралишта низ цела држава, инфраструктурен бум, нови автопатишта. Денес Прилеп е град со кој сите се гордееме. Европски Прилеп. Оваа вистина ги боли овие од циркусот Медрано. Овие се бомби од кои нема одбрана- додаде пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп.
-Повторно ќе триумфираме и ќе ја добиеме и оваа битка, заради дезориентираниот противник. Притивник кој што одлучи да си игра со судбината на својата држава само да им угоди на оние кои не сакаат да го гледаат развојот на Република Македонија. Останете достоинствени, горди на својот град и на заедничките дела, а тие ќе бидат на онаа темна страна на македонската историја- рече во своето обраќање на народниот собир во Прилеп пратеникот Димитар Стевананџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


