| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Заев е вазал кој мора да одработува за туѓа агенда

Министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека лидерот на СДСМ Зоран Заев е усмеруван од две структури.

todorov_na_tribina_thumb_medium500_281

– Првата е  една меѓународна невладина организација, која постојано го турка да прави неред и да ја втоне државата, а втората структура е една агентурна мрежа која директно го контролира Заев и тој е вазал кој мора да одработува за туѓа агенда, подвлече Тодоров.

На вечерашната трибина, на граѓаните од регионот им беа најавени и нови проекти за локален развој како што се реконструкција на регионалниот пат Струга-Драслајца-Биџево, рехабилитација на патниот правец Октиси-Белица, како и реконструкција на патот од Струга до Радожда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top