| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан повторно блесна за победа на Морабанк Андора

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски беше втор најефикасен играч за екипата на Морабанк Андора во победата против еден од директните конкуренти за опстанок во Шпанската АЦБ лига.

Во првиот меч од 29 коло на најквалитетната европска кошаркарска лига Стојановски постигна вкупно 15 поени со две тројки од 3 шута , три погодоци за два поени од 7 обиди и стопроцентен учинок од линијата за слободни фрлања каде ги искористи сите три можности.

Андора мечот  го доби со 81:76 и со тоа создаде предност од 4 бода пред најзагрозените екипи кои што ќе се селат во втората лига.

Интересно е што македонскиот ас на теренот помина само 18 минути што сепак беше доволно да биде ефикасен и даоствари и три скока. .

Со победата Андора дојде до својата десетта победа, петта откако пред 9 кола Стојановски од Алба Берлин се пресели на Апенините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top