| четврток, 6 декември 2018 |

Северина: Се чувствував како да сум силувана кога беше објавено моето домашно видео

Хрватската музичка ѕвезда Северина во интервју за словенечкиот весник Дело проговори за нејзините чувства по објавувањето на домашното порно видео во јавност во 2004 година.

Северина призна дека се чувствувала како да е силувана и поради тоа не можела долго време да излезе од дома. И требале пет месеци да реши да ја подигне главата и да направи промоција на новиот албум.

-Тоа го доживеав како психичко и медиумско силување. Мислев дека никогаш нема да се вратам во шоу бизнисот. Луѓето не можат да сфатат додека тоа не го доживеат на своја кожа, рекла Северина и додала дека голем дел од јавноста се уште мисли дека самата го изрежирала целото сценарио за поголем публицитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top