| четврток, 6 декември 2018 |

Авокадо здраво задоволство што носи профит

Авокадото е тропско овошје, познато уште и под името крушка алигатор, како што го нарекувале Англичаните, кои овој плод ги асоцирал на алигатор. Авокадото се одгледува со векови во Јужна Америка, а денес најмногу се одгледува во Калифорнија. Расте како дрво со висина до 20 метри, но примероците што се одгледуваат на нашите географски широчини не надминуваат височина од еден метар. Соодветно е за одгледување како собно растение или во стакленик. Релативно лесно може да се одгледува од семки, поради што може да биде добар извор на приходи без некои големи вложувања. Може да се одгледува преку целата година во соба, но во летните месеци можете да се изнесе на балконот или во градината. Температурата во текот на летото треба да биде 20-25 степени, додека во зима е подобро да се држи на ладно место – 10-15 степени. Единствено што треба е да се обезбедат услови во зимските месеци за дрвјата да не измрзнат.

Ова растение сака многу вода – обилно наводнување и висока воздушна влажност. Водата за наводнување треба да е мека и филтрирана. Во текот на зимата бара помалку вода, и доволно е земјата само да не биде сува. Се ѓубри двапати месечно со ѓубриво за украсни растенија.

Цената на плодовите во маркетите достигнува до 200 денари за еден килограм.

Што се однесува до земјиштето, авокадото не е пребирливо. Доволна му е лесна, благо кисела земја, која обично се користи во градинарството. Во текот на цела година бара влажна, но не премногу залевана земја. Доколку му недостига влага, може да му опаднат листовите. Му одговара повремено прскање на вода со пумпа, во вид на воден прав.

zemjodelstvo136-avokado-2

Авокадото наједноставно се размножува со семките. Со отсечени делови се размножува само од некои видови. Семките се засадуваат со тапиот крај надолу. Добро искуство се покажало кога се засадува по една семка во поголема саксија, која се прекрива со стаклена табла. На овој начин во саксијата се одржува влажна средина, која го забрзува ‘ртењето. Треба да се избере лесен супстрат (земја), кој добро пропушта воздух, за вишокот вода да може веднаш да истече. Стаклената табла се вади секој ден на 30 минути за да не дојде до збабарување на семката. Семето најбрзо ‘рти доколку е цел ден на топло место. Идеална температура е повисока од 25 Целзиусови степени. По излегувањето на првите листови на авокадото му е доволна собна температура.

Авокадото во наши услови расте многу брзо. Гнездесто дрво во висина од околу еден метар ќе израсте за две години.

Авокадото може да се користи во свежа, солена, замрзната состојба, за подготовка на разни салати, пијачки, кремови, сладолед. Тоа, исто така, се користи за парфеми и во прехранбената индустрија.

Авокадото е најхранливото овошје на светот. Неговата енергетска вредност изнесува 840 kJ на 100 г месест дел (за споредба: банана 355 kJ, манго 215, папаја 180, домат 90, краставица само 0,64kJ). Содржи од пет до 32 проценти масти, кои лесно се впиваат во кожата и така претставуваат важна компонента во козметиката.

Во однос на хемискиот сос­тав, авокадото не е овошје во вистинска смисла на зборот, без разлика на тоа што го вбројуваме во овошје. Ова овошје во себе содржи витамин А, Б, Ц, Е и железо. Се мисли дека го намалува нивото на холестерол во крвта. Позната е неговата широка примена во козметиката. Се препорачува при држење диета: две авокада ја задоволуваат дневната потреба на возрасен човек за овошје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top