По констатно добрите партии на аргентискиот напаѓач во редовите на Наполи, Гонзало Игуаин, интересерирањето за фудбалерот го искажуваат се повеќе европски гиганти. Во трката за Игуаин се вклучи и Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе во своите редови по се погласните шпекулации дека „црвените ѓаволи“ ова лето ќе ги напушти Робин Ван Перси. Менаџерот на Јунајтед е во потрага по константен напаѓач бидејќи тој оваа сезона не е задоволен ниту од втората виолина во нападот, Радамел Фалкао.
Игуаин и во втората сезона во Наполи веќе ја достигна бројката од 20 гола, а одличен беше и во редовите на Реал Мадрид. На 20.гола тој оваа сезона веќе нанижа и девет асистенции.
Споредн пишувањето на италијанските медиуми Наполи нема лесно да се одрече од својот напаѓач и за него ќе бара голема сума на пари. Сепак во целата ситуација се прашува и самиот Игуаин каде ќе сака да ја продолжи кариерата.
Како најсеризен клуб кој сакаше да потпише со играчот од порано е Арсенал, но по одличната партија синоќа во Лигата на Европа против Волфсбург каде Игуаин го постигна првиот гол, во трката за Аргентицеот се вклучи и Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.