| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Ивица Обрван го објави списокот на играчи за двомечот со Франција

Селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот список од 28 ракометари на чии услуги ќе смета за следниот квалификациски двомеч против актуелниот олимписки, светски и европски шампион, Франција.
Обрван се потпре на искусните играчи кои беа дел и на Мундијалот во Катар без никакви изненадувања во списокот, а ги додаде младите Нелоски , Пешевски и Талески како и Кузманоски и Мајнов кои играат во одлична форма во дресот на Одорхеи, каде се меѓу главните конкуренти за шампионската титула во Романија. Ивица Обрван не го изостави и пикерот Никола Марковски кој е незвесен поради повредата на последниот дуел на Металург и Зомимак.
Единствен изоставен играч е Ванчо Димовски кој по напуштањето на Металург нема клуб.

Список на играчи:

Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Стефан Кимевски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Златко Мојсовски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Кузманоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top