Поради јасниот став што го имаат граѓаните, тие масовно се потпишуваат на иницијативата покрената од Граѓанското движење за одбрана на Македонија со која се бара Заев да одговара за велепредавство.
Самиот Заев секојдневно се заплеткува во манипулациите кои сам јавно ги пласира, менувајќи ги ставовите, изјавите. Нестабилните изјави на Заев се потврда плус за на граѓаните да им биде јасно кој стои зад прислушувањето на државните врв.
Дополнително тука се и низата факти кои досега можеше јавноста да ги види. Водејќи се се уште под мотото дека се бори за вистината за Македонија, како што самиот вели, Заев како да заборави дека двајца од осомничените во случајот „Пуч“ ја кажаа вистината, онаа која Заев не сака да ја слушне. Токму тие го признаа делото притоа детално објаснувајќи како го извршиле истото. Еден од нив доби пресуда во која стои признанието. Сега осудениот на три години, посочил дека без да знае структурата на МВР било вршено прислушувањето по наредба на Верушевски. Дополнително било нагласено дека за добро извршената работа добивале богати парични награди.
Заплеткувајќи се во лагите, Заев ја заборави и скандалозната Скајп комуникацијата меѓу Верушевски и Лазаревски која повторно покажува кој стои зад таканаречените бомби на лидерот на СДСМ и материјалите кои тој ги презентира, а ги претставува како наводна вистина.
На целото разоткриено сценарио потврда му даде и адвокатот на Верушевски кој практично во името на својот клиент ја призна неговата вина во изјава за медиумите. Според адвокатот на Верушевски, грешката не била во неговиот клиент, туку во системот на безбедност на Министерството за внатрешни работи.
-Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не грешката кај него туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита- рече адвокатот Ангеле Илиевски.
Дека нема дилеми дека зад прислушувањето стојат странски центри за кои во Македонија одработуваат Заев и Верушевски истакна и жестокиот критичар на ВМРО-ДПМНЕ и опозиционерот Љупчо Георгиевски во интервју за една телевизија отворено кажа дека јасно е дека СДСМ прислушувале.
-Јас сум 90 проценти убеден, еве оставам 10 отсто, дека оној дел каде излегуваат министри на ВМРО и функционери снимала СДСМ, што сакате понатаму – вели Георгиевски.
Лидерот на СДСМ е демаскиран пред очите на целата македонска јавност. Со низата признанија се дозна во целост вистината за неговото сценарио преку кое сака да ја втурне Македонија во дестабилизација и да наметне криза, се со цел освојување на власта без поддршка од нароот, кој ја препозна неговата намера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.