| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските гастарбајтери нема да стигнат на гласање – одбиено слетувањето на авионите

Aerodrom Ohrid

Барањата за авиолетови на релацијата Базел – Охрид, кои требаше да се реализираат утре и задутре, се одбиени, информира Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави порталот „Плусинфо“.

Станува збор за барањата на авиокомпаниите „Ер Букурешт“ и „Ентер ер“ за реализирање чартер-летови за утре и задутре на релацијата Базел – Охрид.

– Авиокомпаниите не ги исполнија европските процедури и затоа се одбиени – велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top