Новак Ѓоковиќ и Гензебе Дибаба ги добија престижните награди лауреати на годината на манифестацијата „Лауреус 2015“ што се одржа во Шангај, Кина.
За Ѓоковиќ ова е второ признание по наградата во 2012 година, а Дибаба првпат се закити со престижниот трофеј. За најдобра репрезентација беше прогласена фудбалската селекција на Германија, која стана светски првак на мундијалот во Бразил. Специјално признание доби и кинеската тенисерка Ли На, која ја заврши кариерата.
Откритие на годината е пилотот од Формула 1, Даниеле Рикардо, а рагбистот Шалк Бургер го имаше враќањето на сезоната. Татјана Мекфаден ја доби наградата за спортска личност на годината кај луѓето со пречки во развојот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!
-
Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување