Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани и оваа година е организатор и домаќин на осмиот по ред детски драмски фестивал, кој ќе се одржи од 20-ти април до 5-ти мај.
– За учество на фестивалот се пријавија 15 детски драмски претстави од Охрид, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Велес, Кочани, Берово и Делечево.Годинава фестивалот добива републички карактер, а најдобрата детска претстава ке настапи на ДАФ во Кочани во мај, изјави Коце Стојменов, директор на НУ центар за култура Кочани.
На фестивалот ќе бидат доделени награди за престава во целина,за најдобра машка и женска улога, за режија и за негување на македонскиот јазик преку драмска престава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.