| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Балканот и американската дипломатија во 20 век“ од Мишо Докмановиќ

На Правниот факултет во Скопје денеска, на 21. годишнина од американското признавање на Македонијa, ќе биде промовирана книгата „Балканот и американската дипломатија во 20 век“ од проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Тоа што го прави ова дело автентично е фактот што „Балканот и американската дипломатија во 20  век“ претставува прв учебник од областа на американската дипломатија објавен на македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Д-р Мишо Докмановиќ е вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Завршил и постдипломските студии по современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии.

За врвните резултати постигнати во научно-истражувачката работа, добитник е на наградата „Научник на годината“ за 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top