Заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и за Азија на САД Хојт Ји, од денеска престојува во посета на Македонија.
За време на двоедневната посета предвидено е дипломатот да се сретне со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатиајта Никола Попоски и со народниот правобранител Иџет Мемети.
Се очекува заменик-помошникот на државниот секретар да одржи средби и со лидерите на опозициската СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на граѓанскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.