| четврток, 6 декември 2018 |

Касилјас ги смирува страстите: Јунак на натпреварот е Јан Облак

Капитенот на Реал Мадрид Икер Касилјас по натпреварот ги смирува страстите и изјави дека јунак на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу кралскиот клуб и градскиот ривал Атлетико Мадрид е колегата од спротивната страна Јан Облак.
Натпреварот заврши нерешено 0-0, а клучен за својот тим беше токму Словенецот Облак кој во првото полувреме беше располежен за одбрани скротувајќи ги ударите на играчите на Реал и не дозволи неговиот тим да прими гол и со тоа екипата на Диего Симеоне продолжува успешната серија против Реал од седум натпревари без пораз.

Фудбалерот на Атлетико Марио Суарез изјави по натпреварот дека тој меч не смеел да го суди судијата од Србија Милорад Мажиќ.

– Марио изјавил дека судијата бил лош? Тоа не сум го слушнал. Мислам дека беше добар и дека не беше главен актер на теренот. Облак беше главниот играч, ги скроти сите удари во првото полувреме. Беше фантастичен – изјави Касилјас за шпанските медиуми по натпреварот.

Тој во продолжение наведе дека во реваншот ќе биде се отворено.

– Реванш мечот ќе биде фантастичен. Мислам дека имам убави шанси да се пласираме во полуфиналето. Се надевам дека домашниот терен ќе ни помогне да победиме – додаде првиот чувар на мрежата на Реал Мадрид.

Реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се игра на 22.април на Сантијаго Бернабеу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top