НУ Музеј Куманово в петок гостува во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија со ревијата „Модните трендови и културата на живеењето од Ала Франга до современата мода“.

-На ревијата која почнува во 18.30 часот ќе биде прикажан дел од културното обележје на кумановската градска носија Ала франга, обележје на еден народ и култура на живеењето во Куманово, како и современата мода преку креациите на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспириран токму од модата Ала Франга.Сакам да ја искористам оваа прилика да ја поканам пошироката јавност да биде дел од ова наше збиднување, бидејќи самата ревија е дел од одбележувањето на 10-годишнината од формирањето на Културно-информативниот центар во Софија, ни изјави Анита Цветановска, директор на Музејот од Куманово.

На отворањето на изложбата предвидено е обраќање на директорот на КИЦ во Софија, Васко Шутаров и на директорот на НУ Музеј-Куманово, Анита Цветановска. Манифестацијата ќе биде збогатена со музиќки настап на гитара на Станимир Ламбов, а ревијата е поддржана и финансирана од Министерството за култура на Република Македонија и е во реализација на Музејот од Куманово, од вишиот кустос етнолог м-р Анита Ѓорѓиевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


