| четврток, 6 декември 2018 |

„Животна сложувалка”-изложба и панел-дискусија во Тетово

Амбасадата на Шведска, во соработка со Лоја Центарот од Тетово организираат интерактивна панел-дискусија “Модерен татко” со која ќе се отвори изложбата “Животна сложувалка”.

Тежнеење да се поминува што е можно повеќе време со децата. Деца, родители, работа, дом, финансии, рамноправност – различни делови од она што во Шведска се нарекува животна сложувалка.

Изложба се однесува на улогата на таткото и начинот на кој општеството може полесно да ја усогласи рамноправноста, татковството и работата.

Шведската влада работи многу на ова поле, а со цел проширување на учеството на таткото во породилното отсуство, за да се зајакне семејството и општеството, да се постигне уште повисок степен на родова еднаквост, а и затоа што децата имаат право на двајцата родители.

И во Шведска и во Македонија државата обезбедува можност татковците да искористат татковско породилно отсуство и да минат дел од првите месеци од животот на своите деца, дома, грижејќи се за нив. Во Шведска овој тренд е во пораст, а во Македонија оваа можност само малкумина ја користат.

На интерактивната панел-дискусија на тема “Модерен татко” со која ќе се отвори изложбата ќе учествуваат претставници од Шведската амбасада во Македонија, од Форумот на жени на Тетово, а своето искуство ќе го споделат и двајца татковци од Македонија од кои едниот го има користено татковското породилно отсуство во Шведска.

Изложбата “Животна сложувалка” ќе биде отворена во среда, 15 април, во 19 часот во просториите на Лоја Центарот во Тетово, а ќе може да се посети до 22 април 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top