Амал Аламудин Клуни е адвокат за човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни. Госпоѓа Клуни е дама со стил и секогаш изгледа елегантно. Претпоставувате дека нејзиниот стил неможе да си го дозволи секој.
Погледнете колку чини да се облечете како неа:
Амал се појави во оваа комбинација пред неколку дена. Таа носи блуза и здолниште на „Gucci“, во комбинација со високи потпетици кожа боја. Колку чини овој изглед?
Само блузата чини 995 долари! Таа е со јака од змиска кожа (која може да се отстрани).
Здолништето чини 850 долари.
Чантата е на „Balenciaga“ и чини 2 205 долари.
Чевлите се од марката „L.K. Bennett“ и чинат 205 долари.
Вкупно оваа комбинација чини: 4 075 долари.
Уште еден тоалет на Амал од 14 февруари 2015 година.
Таа носи фармерки „Citizens of Humanity“ за 178 долари.
Нагрната е со наметка 3 990 долари на „Saint Laurent“.
Ѓерданот на нејзиниот вратот чини 390 долари и е на „Akong London“.
Ракавиците се од змиска кожа од марката „Gucci“ и чинат 1 595 долари.
Чанта „Nancy Gonzalez“ е од крокодилска кожа со цена 1 650 долари.
Оваа комбинација чини вкупно 7 803 долари.
Ќе завршиме со уште една комбинација која ја носела госпоѓа Клуни.
Тука таа е со комбинезонки од „Stella McCartney“.
Најскапиот дел од оваа комбинација се чевлите на „Versace“ по цена 1 380 долари.
Амал носи и торбичка за 245 долари.
Госпоѓа Клуни е многу елегантна, но тоа воопшто не е евтино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






